За клубот |
За клубот
Сноуборд клубот “Полар“ од Скопје основан е во 1996 година п.н.е. :). Основач на клубот е Борче Јаневски – Шуки заедно со Перхан, Масле, Викса, ...(извинување на сите кои сме ги изоставиле) на кои сме им благодарни бидејки меѓу првите на балканот имавме ваков клуб. Основната дејност на клубот е: организирање на спортски активности, школи и натпревари во сноубординг, вејкбординг, велосипедизам, скијање, винд сурфинг и др.. Нашите школи и кампови за сноубординг, вејкбординг вообичаено ги организираме во Никифорово каде што имаме сопствена база (хостел со капацитет од 30 легла, опрема, езеро...). Во клубот работат 16 тренери и членуваат просечно по 50 тина деца. Тренерите кои работат во нашиот клуб поседуваат меѓународно признати лиценци. Еден од нашите најголеми настани кој со посебно задоволство гo наведуваме е повеќегодишното организирање на Европските купови и ФИС натпреварите во сноубординг. Тренираме и активни сме преку целата година. |
|
Тренинзи Тренинзи имаме во салата во О.У. Јан Амос Коменски на кои работиме вежби за координација, кондиција, скокови на трамболина со специјално адаптиран борд за оваа намена, фудбал, кошарка... Во период кога кај нас нема снег одиме на подготовки на глечерите во Австрија, а во Македонија како алтернативен начин на тренирање се занимаваме со вејк бординг, винд сурфинг, велосипедизам, скејт бординг, ролери, планинарење, рибарење... Два пати неделно како специјален тренинг за координација и акробатика практикуваме гимнастика во салата Орце Николов – Партизан под водство на тренерот Ангел Наумовски. Напомена: Секој член се вкучува во програмата по сопствена желба и секој сам одлучува во колкава мерка ќе земе учество во активностите. |
Цели Секако, спортските цели кои се однесуваат на постигнување што е можно повисоки спортски резултати за нас се важни, а особено за оние членови кои повеќе години тренираат. Но, ние имаме амбиции да анимираме и вклучиме што е можно повеќе млади луѓе во вака организирани спортски активности. Ние сме сигурни дека ова е начинот на кој ќе придонесеме во правилен личностен раст и развој и со таа цел организираме и посета на културно историски споменици и манастири, посети на театарски и кино претстави, на изложби и сл. Низ сите овие активности се стимулира тимскиот дух, здравите навики кај младите и превенција на сè она што претставува порок на современото општество (дрога, алкохол, цигари…) Со ова клубот “Полар“ ја остварува една од основните функции на спортот – социјалната... |
Привилегии Најважната привилегија за секој член на клубот, според нас, е тоа што се здобива со шанса да проба и да се занимава со интересни спортови, водени од професионалци. Понатаму овие активности се поврзани со престој во природа и многу дружење – тоа пак зачи дека секој ќе ја поправи својата крвна слика и ќе го избегне претераното и нездраво висење на компјутер и досадните Скопски шеми и кафичи – во кои и покрај забраната за пушење ќе се усмрдите како.... Сноубордингот нуди слобода на движењето не само она физичкото туку и духовното – филозофирање има многу :) Некои други привилегии се на пример попустите во продавниците DROP IN, бесплатен сервис и резервни делови за целата опрема, попустите при вадење ски билети, бесплатни патувањa како што се оние во Кореа, Андора, Шпанија, Австрија.... Дури и за останатите патувања т.е. подготовки, за кои членовите самите си плаќаат, се зачително поефтини во однос на тоа доколку самите би ги посетиле истите дестинации: Австрија, Словенија... Исто така би спомнале дека во наша организација се случуваат и обуките за добивање на тренерски лиценци, за кои традиционално соработуваме со светски најдобрата тренерска асоцијација – словенечката www.duds.si . Досега 15 наши тренери поседуваат вакви меѓународно признати лицинци, со кои нашите тренери може да работат насекаде во светот. За повеќето од нив овие курсеви беа бесплатни, или во помалку добриот случај партиципираа со дел од сретствата. Нашиот клуб годишно е организатор на најмалку два семинара за сноубординг. Секако, важна привилегија од спортски аспект, е тоа што најдобрите спортисти од нашиот клуб се целосно или делумно финансирани (во зависност од освоеинте ФИС бодови) од страна на Скијачката федерација на Македонија, а за четворица членови - агенцијата за спорт и млади обезбеди месечна стипендија. Секако некои од нашите најдобри натпреварувачи имаат и лични спонзори и веќе можеме да зборуваме за професионални сноубордери. |
Поврзаност со останати институции Поврзани сме со голем број на институции кои се дел од големото спортско семејство. Како поважни за нас би ги набројале:СФМ – Сијачката федерација на Македоника, ФИС - Интернационална Скијачка федерација, АМС - Агецијата за Млади и Спорт на Република Македонија, МАИСС – Македонската Асоцијација за Инструктори по Снежни Спортови, МОК Македонскиот Олимписки Комитет... Клубот Полар е дел од СФМ која пак е дел од ФИС . Како и повеќе години наназад така и за оваа 2009 година, Полар е рангиран на првото место во конкуренција на сите останати скијачки клубови во Македонија. Критериумите за рангирањето се : организирање на ски и сноуборд школи, број на членови, организирање на домашни и меѓународни натпревари, настап и успеси на ФИС натпревари.... Тука би сакале да напомнеме дека законско право на организација на школи за скијање и сноуборд има едниствено клуб кој што е регистриран во Скијачката федерација на Македонија за тековната година, а тренерите кои се дел од клубот и работат во школата да имаат направено update за тековната година на лицецата која што ја поседуваат. За сезоата 2008-2009 клубот Полар во ФИС има пријавено 40 активни натпреварувачи и поединечно нивните спортски биографии и резултати можете да ги погледнете на официјалната страна на ФИС www.fis-ski.com – или на линкот http://www.fis-ski.com/uk/disciplines/snowboard/ competitorbiographies.html?listid=&lastname= &gender=ALL&firstname=&nation= MKD&status=OE& fiscode=&Search=Search&bt=prev&limit =20&bt=prev&rec_start=0 |
За школите Вообичаено во месец јануари (од 1998г.па наваму) организираме сноуборд школа/камп и со гордост истакнуваме дека во школата имаме просечно околу 100 учесници. Организираме престој на планина во кој вклучуваме полн пансион, превоз, часови за сноуборд и скијање, можност за изнајмување на опрема, забава во периодот после скијање ( видео анализа на тековниот ден, фудбал на маса, пинг понг, разни социјални игри, сони, гледање на филмови, разговори, советување, одржување на опрема...). Една од основните карактеристики на заедничкото дружење е дека е исполнето и забавно, но сепак примарно за сите нас е безбедност на сите членови. |
Безбедност За нас безбедноста е на прво место. Како основен предуслов за безбедноста го наведуваме изборот на квалитетна опрема. Покрај основната опрема, задолжително за сите членови е носењето на кацига и штитник за грб. Останатите штитници и креш пентс препорачуваме исто така да се поседуваат... Покрај опремата многу внимание посветуваме и на однесувањето на скијачките терени (почитување на сите сообраќајни правила, безбедно употребување на жичарниците и ски лифтовите – секогаш еден од тренерите е на почеток, а друг на крајот на жичарата ...) |
|
|











